Skopje 19°C

ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОР

ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОР ДО ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

Потрошувачки приговор е секоја претставка или поплака со која што потрошувачот пријавува повреда на правата што ги има согласно Законот за заштита на потрошувачите, кој го доставува до трговецот ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

Потрошувачки приговор може да поднесе секое физичко лице кое набавува стоки или користи услуги од ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ  Скопје, за цели што не спаѓаат во рамките на неговата трговска, деловна, занаетчиска или професионална дејност.

Потрошувачки приговор може да се поднесе на еден од следните начини :

1.писмено на адреса на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје, ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 , 1000 Скопје

2.на официјалниот е-маил:pravna.sluzba@tinex.com.mk

3.усно на записник во седиштето  на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје на, ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 , 1000 Скопје, кај лице овластено да прима потрошувачки приговор.

Потрошувачкиот  приговор треба да содржи:

-Име, презиме и адреса на поднесувачот

-Субјектот на кој се однесува приговорот

-Предмет на приговорот

– Прецизен опис на барањето

-придружна документација која е потребна при разгледување на приговорот

Анонимните потрошувачки приговори нема да се разгледуваат

Доколку потрошувачкиот приговор се доставува електронски придрушната документација треба да се испрати скенирана во прилог на електронската порака

 

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје е должен да го евидентира потрошувачкиот приговор , да го разгледа и земе во работа, соодветно да постапи и да му одговори на поднесувачот за основаноста и резултатите од постапувањето во рок од 15 дена од приемот.

 

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

Our Contact

Email Address

info@queenshotel.com.mk

Call Us

+389 2 3253 453

Social Media